Search
Search

Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд

По завршувањето на мандатот на Кацарска, Уставен суд остана без претседател. Пропаднаа дури осум обиди и гласања да се избере претседател, сепак судиите по координација утрово одлучиле сепак да одржат седница на која конечно е избран новиот претседател.

За нов претседател е избран Дарко Костадиновски, кој ги добил потребните 6 гласа.

Претходно Осман Кадриу за кого и вчера се гласаше, но не доби доволен број гласови, се откажал од кандидатурата и судиите сега гласале само за Костадиновски.

Спогласно правилата, секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.

Во четвртокот и петокот, пропаднаа шестте обиди да изберат нов претседател на Судот. Вчера судијката Ана Павловска Данева ја повлече својата кандидатура, но нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева повторно не го доби потребното мнозинство.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

АКТУЕЛНО