Search
Search

Наставници ангажирани во државната матура бараат исплата за работните викенди

Наставниците од средното образование ангажирани како тестатори во државната матура изразуваат РЕВОЛТ, зашто оваа дополнителна обврска во два викенди не им се плаќа. Според професорите, поради ваквата негрижа се губи волјата да се заврши задачата. Билјана Михајловка, директорка на ДИЦ, рече дека учеството на професорите во државната матура во улога на тестатори е законска обврска, но, како што додава, тоа не значи дека не треба да бидат платени.

„Министерството треба да ни даде некои бенефиции, или да имаме слободен ден или да ни платат, губиме еден ден, а имаме семејства, тоа е слободен ден, не е работен ден. Треба да бидеме платени за да имаме малку повеќе волја, за да имаме желба да одиме и да ја реализираме оваа работа. Благодарение на тоа што имаме резервни професори се одржува државната матура, инаку повеќето од професорите гледаат да избегаат, бидејќи си трошат денови, а од друга страна немаме ништо, ни слободен ден, ни пари“, вели Џихана Алидеми, професорка.

„Професорите имаат организиран превоз, но сега се обврзани да одат во друго училиште, а немаат превоз, знаеме дека не ни го организираат и превозот, не треба да се прават трошоци, но тоа е проблем. Од друга страна, те задолжува да одиш, а не те плаќа, на многу начини сме игнорирани“, рече Фарук Реџепи, професор.

АКТУЕЛНО