Search
Search

Нимиц ја прими Наградата за мир Преспа од Заев и Ципрас: Чувајте го и негувајте го Преспанскиот договор

Амбасадорот Метју Нимиц кој повеќе од две децении посвети на решавање на спорот за името помеѓу Северна Македонија и Грција е првиот добитник на Наградата за мир Преспа од поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, тој порача дека треба да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме.

Заев на социјалните мрежи порача дека со поддршката и посветеноста на Нимиц, двете земји успеаја да изградат меѓусебна соработка и да се дојде до решение не само за името, туку да се отвори порта за соработка за дветез емји за подобра иднина на народите и за подобра иднина на регионот.

„Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови. Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме“ напиша Заев.

АКТУЕЛНО