Search
Search

Кукаст крст врз бистата на Ванчо Прке во Штип

Спомен-бистата на народниот херој Ванчо Прке во центарот на Штип е осквернавена со кукаст крст, којшто е исцртан на неговата глава. Екипа на Мета.мк викендов беше во Штип и го забележа вандалскиот чин врз спомен-бистата, која е лоцирана пред зградата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип и на помалку од стотина метри од Споменикот на депортираните Евреи од Штип.

Мета.мк забележа дека спомен-бистата на Ванчо Прке е осквернавена со црн маркер, а покрај кукастиот крст ишарани се и други делови од главата на споменичното здание.

Од Општина Штип за Мета.мк велат дека го регистрирале конкретниот случај на вандализам во делот Алејата на народните херои.

„Проблемот е лоциран и истиот е веќе дел од анализата според која ќе се изврши интервенција врз оштетените спомен обележја. За ваша информација, најголеми оштетувања имаше на Споменикот на револуцијата, кој е во категорија на меморијални и годинава според проект на Завод и Музеј веќе се работи на чистење (пескарење)“, објаснуваат од Општина Штип.

Штипските општински власти додаваат дека досегашната пракса покажува голем степен на оштетеност и присутен вандализам врз спомен обележјата.

Извор: мета.мк

 

 

АКТУЕЛНО