Search
Search

Прскањето против комарци се пролонгира

Црвенило, јадеж и оток се најчестите реакции по убодот на комарци кои ги вознемируваат граѓаните во текот на топлите месеци. За да се намалат ваквите реакции општините од источниот регион се подготвуваат за прскање против комарци.

И годинава борбата против овие инсекти општините ќе ја водат поединечно, односно изостана регионалниот пристап кој требаше да даде поголем ефект, а тоа е да се прска истовремено, смета штипскиот градоначалник, Иван Јорданов. 

Јорданов додава дека повеќе од 2 милиони денари се предвидени за воздушно и теренско третирање против комарци за оваа година од Буџетот на општина Штип. Исто толку средства ќе одвои и општина Кочани за комбинирано прскање, а во Чешиново-Облешево прскањето ќе го реализира Министерството за транспорт и врски, додека Општина Свети Николе планира запрашување само од воздух. 

Инаку, за сеопфатно прскање против комарци во целиот источен регион потребни се осумдесет милиони денари, а градочаналниците од овие општини се согласни дека само со регионалното запрашување ќе се постигне посакуваниот ефект.

Извор: 24 мк

АКТУЕЛНО