Search
Search
ФОТО: МВР

Билтенот на МВР полн со уапсени за дрога и сообраќајки

На 24.05.2023 во 00.20 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Од МВР денеска соопштија дека на 24.05.2023 во 03.30 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Е.(25) и Б.К.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.05.2023 во 22.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.05.2023 во 04.15 часот во Штип, од полициски службеници од СВР Штип бил приведен Д.П.(20) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.05.2023 во 21.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.“Бледски договор“ и бул.“Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(28) од Скопје, и мотоцикл “глаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Р.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се 24 санкции за немање возачка дозвола, 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, три мерки за возач почетник, 47 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

На 23.05.2023 во 23.30 часот било пријавено дека во Велес на ул.“Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “нисан“ со велешки регистарки ознаки, управувано од Ц.Л.(32) од Велес, и патничко моторно возило “голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

На 24.05.2023 во 00.05 часот било пријавено дека во Неготино на ул.“Индустриска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(39) од Неготино, и мотоцикл “априлиа“ со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

На 23.05.2023 во 16.30 часот во Полициска станица Карпош Б.С.(75) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.
На 23.05.2023 во 20.45 часот во Полициската станица Чаир Т.Б.(74) од Скопје пријавила дека во населбата Радишани била касната од куче скитник.
На 23.05.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Драчево В.Ѓ.(73) од Скопје пријавил дека на ул.“Киро Фетак“ бил каснат од куче скитник.

На 23.05.2023 во 10.00 часот во Битола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола бил лишен од слобода Ќ.М.(60) од Битола поради тоа што при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени голема количина капсули трамадол и таблети дијазепам. По целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.212 од КЗ на РСМ.

На 24.05.2023 во 01.30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Ф.Е.(40) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 24.05.2023 во 02.00 часот во казино во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода С.Д.(21) од Р.Србија поради нерегулиран престој во РСМ. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

АКТУЕЛНО