Search
Search

Низ Карпош се поставува средство со мирис на оган за заштита од змии

По информацијата дека во одредени делови на Скопје се појавиле змии, па дури и во строгиот центар на градот, денеска реагираше Општина Карпош. Како што соопшуваат оттаму во тек е акција за поставување „Репелент“, средство за превенција, односно заштита од змиите.

Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација. Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината, како што се Жданец и Трнодол и населби кои граничат со шумско подрачје – велат од Карпош.

Оттаму објаснуваат дека средството содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.

 

АКТУЕЛНО