Search
Search

Портокалов чад ги покри мостовите и аеродромите во Њујорк

Милиони луѓе од источниот дел на САД се соочуваат со чад и загаден воздух предизвикан од шумските пожари во источна Канада, јавуваат дел од американските медиуми.

Препораки за квалитетот на воздухот стапија во сила во неколку региони на државата Њујорк. Училиштата во градот Њујорк објавија дека ги прекинуваат сите надворешни активности поради влошениот квалитет на воздухот.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, со совет на Твитер до сите кои имаат проблеми со дишењето да ги ограничат „излегувањата надвор, освен ако тоа е неопходно.

Канада се справува со серија интензивни шумски пожари кои се проширија од западните провинции до Квебек, при што горат стотици шумски пожари.

Белата куќа соопшти дека претседателот издал наредба на неговите агенции да дадат каква било потребна поддршка за областите во САД погодени од загадувањето.

АКТУЕЛНО