Search
Search
Фото/Градска редакција

Кои се надлежностите на Советот на Град Скопје?

Вкупно шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје, на Локалните избори 2021.

Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – 5, Левица – 4, АА/А – 2, ЛДП/ДОМ – 2 и Зелен хуман град – 2 советнички места.

Советот брои 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места.

Вкупно гласале 229.725 избирачи, од кои 217.706 се важечки и 12.019 се неважечки гласачки ливчиња.

Градоначалникот го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје.

Надлежности на градоначалникот:

-Ги прогласува актите на Советот и ги објавува во “Службен гласник на Град Скопје”;
-Се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот;
-Се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје;
-Му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност;
-Раководи со управните и административните органи и служби на Градот;
-Управува со имотот на Градот во согласност со статутот;
-Именува и разрешува главен архитект;
-Му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот;
-Именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје;
-Донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот;
-Врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје.

Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.

Во ноември 2021 година се одржа конститутивната седница на Советот на Град Скопје за чиј претседател беше избран Трајко Славески.

Членовите на Советот се избираат со мандат со времетраење од четири години, тие ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања. Членот на Советот не може да се отповика.

Кои се надлежностите на Советот на Град Скопје?

-Го донесува Статутот на Град Скопје и други законски прописи;
-Го донесува буџетот и годишната сметка на Град Скопје;
-Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Град Скопје, во рамките утврдени со закон;
-Основа јавни служби во рамките на надлежностите на Градот како и врши надзор над нивната работа;
-Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
-Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, чиишто основач е Град Скопје;
-Ги усвојува извештаите за извршување на буџет и годишната сметка на Град Скопје;
-Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со законот;
-Ги усвојува извештаите за работа како и годишните сметки на јавните служби, чишто основач е Град Скопје;
-Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Град Скопје;
-Одлучува за начинот на вршење на финансиската контрола на буџетот на Град Скопје, во согласност со законот;
-Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Град Скопје, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител;
-Може да даде препораки на раководното лице во подрачната единица при Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во собраќајот;
-Врши и други работи утврдени со закон.

АКТУЕЛНО