Search
Search

И на Харвард има скандали, управителот на мртовечницата обвинет за трговија со органи од починати лица

Седрик Лоџ управител на мртовечница на унивезитетот Харвард е обвинет дека наводно земал глави, мозоци, кожа и коски од трупови донирани на Медицинскиот факултет на универзитетот и ги продавал на интернет.

Педесет и пет годишниот Лоџ доби отказ на 6 мај, a заедно со неговата сопруга се обвинети за продавање органи од починати лица на црниот пазар во период од 2018 до 2022 година, се вели во соопштението на американското обвинителство на Пенсилванија.

 

Обвинителите тврдат дека Лоџ ја искористил својата позиција како администратор на Програмата за анатомски подароци на Медицинскиот факултет Харвард да ги распарчи трупови донирани за медицински истражувања. Тој дури им дозволувал на потенцијалните купувачи да влезат во мртовечницата на училиштето да ги разгледаат труповите и да изберат кои делови да ги купат.

 

Студентите од Харвард користат донирани тела за да учат и практикуваат медицински процедури. Кога училиштето завршува со употреба на трупови, тие често се кремираат, а посмртните останки се враќаат на семејствата или се закопуваат на медицинските гробишта на универзитетот.

Лоџ и неговата сопруга практично ги киднапирале од овие тела, па дури и ги продавале директно на клиентите.

АКТУЕЛНО