Утрово на социјалните мрежи осамнаа фотографии од несобран отпад среде Козле.
– Утринска идила во градската населба Козле- тумба меѓу Трнодол и Жданец… тротоари окупирани од депонија, споделија коментар и фотографии локалните жители.
Тие ги прозваа и надлежните од Комунална хигиена и општина Карпош со предупредување „ќе се разболиме од шуга и разни болештии“.
Несомнено вакви глетки не доликуваат на еден главен град!
Извор: Скопје инфо