Search
Search
Processed by: Helicon Filter;

Приведен поранешниот градоначалник на Центар со уште десетина други лица

Бившиот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ и 10 соработници се уапсени синоќа под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“ вреден 700 милиони евра.

Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“. Со кривичните дела осомничените го оштетиле државниот Буџет, надлежноста е на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе.

Од МВР велат дека вчера „во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со кривични дека за перење пари и злоупотреба на службената положба. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка“.

Денеска со почеток во 13:00 часот во Јавното обвинителство на РСМ (Кеј Димитар Влахов бб), ќе се одржи прес конференција во врска предметот во јавноста познат како „Проект „Скопје 2014““.

– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката. – се вели во соопштението.

АКТУЕЛНО