Search
Search

Велосипедизмот во европските метрополи – Каде сме ние?

Велосипедизмот стана еден од најпопуларните начини на превоз во европските земји, но дали Северна Македонија го следи овој тренд? Разликата во пристапот кон велосипедизмот помеѓу Европа и Северна Македонија е очигледна.

Европските земји, со својата развиена инфраструктура и култура на велосипедизам, го поддржува и го интегрира велосипедот во секојдневниот живот на луѓето. Градовите имаат широки велосипедски патеки, паркинг места за велосипеди и специфични правила за безбедност на велосипедистите. Туристичките дестинации, како Амстердам и Копенхаген, се светски познати по својата велосипедска култура и инфраструктура, што ги прави идеални за велосипедизмот.

Сепак, во Северна Македонија по точно во Скопје ситуацијата е далеку од идеална. Градовите се соединуваат со ограничени велосипедски патеки, кои се недоволни за потребите на велосипедистите. Од пропуштање на инвестиции во инфраструктурата за велосипедизам, до недостиг на свест и безбедносни мерки, велосипедистите се соочуваат со многу предизвици во својата секојдневица. Во Европа, велосипедизмот е се повеќе прифатен како чиста, еколошка и здрава алтернатива за превоз, што не само штеди гориво и го намалува загадувањето, туку и ја подобрува физичката кондиција на луѓето.

Оттука и потекнува и културата на велосипедизам, која е вградена во секојдневниот живот на луѓето. Сепак, во Северна Македонија, уште има многу работа за да се постигне сличен ниво на пристап кон велосипедизмот. Промоцијата на велосипедизмот, инвестиции во инфраструктура, разработка на безбедносни мерки и свеста кај граѓаните може да допринесат за промена во односот кон велосипедизмот и неговото интегрирање во секојдневниот живот.

Најдобрите европски метрополи за возење велосипед…

Копенхаген | Данска

Копенхаген е познат како најдобар град за велосипеди. Посетете и веднаш ќе видите зошто. Во центарот на градот, велосипедистите главно имаат првенство на минување над другиот сообраќај, а на патиштата има повеќе велосипедисти отколку возачи на автомобили. За посетителите, има многу пристаништа за изнајмување велосипеди низ градот за невообичаено возење, но ако сакате нешто поавантуристичко, можете да најдете и шеми за сериозни велосипедисти.

Будимпешта | Унгарија

Кампањите за промовирање на велосипедизмот беа следени со подобрени патеки и капацитети во унгарскиот главен град, а сега има повеќе од 200 километри велосипедски патеки низ градот. Турите со локален водич стануваат популарен начин за гледање на знаменитостите; ќе ги посетите историските точки од интерес од двете страни на реката Дунав.

Амстердам | Холандија

Во трка со Копенхаген, Амстердам е веројатно најпознатиот велосипедски град во светот. Во град со 800.000 жители има околу 880.000 велосипеди, а 58% од локалните жители постари од 12 години возат велосипед дневно. Градските власти планираат да создадат повеќе капацитети за паркирање велосипеди и услуги за возење велосипед за да се запре сообраќајниот метеж на велосипеди.

Н. А.

АКТУЕЛНО