Search
Search
Фото/Градска редакција

ЦУК: Од невремето што го зафати Скопско, после полноќ, поројната вода од дождот навлегла во куќи во селата Ласкарци и во Буковиќ во Општина Сарај

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Скопје во ноќните часови во с.Ласкарци и с.Буковиќ, во Општина Сарај поројната вода навлегла во поголем број куќи, подрумски простори и на повеќе улици.

На терен беше БППЗ на Град Скопје со 3 пожарникари и 1 ПП возило, при што интервенирале на најзагрозените реони. Во утринските часови контактирано е со ЈП Водовод и Канализација – Скопје, и од нив е добиена информација дека во текот на денешниот ден ќе излезат на терен за расчистување на улиците од кал и за испумпување на водата од куќите. За настанатата состојба беше известена Општина Сарај за понатамошна постапка.

Инаку, УХМР предвидува и денеска, иако времето од утрово е сончево со мала до умерена облачност, дека од пладневните часови на повеќе места во државата времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

АКТУЕЛНО