Search
Search

Скопје „преплавено“, Приштина со креативно решение, а Холандија е земја без кучиња скитници

Според Светската здравствена организација, во светот има околу 200 милиони кучиња скитници. Импресивно, но Холандија не е дел од оваа статистика. Како тоа да го постигнеме во Северна Македонија, односно во Скопје, каде проценките се дека во градот има над 4.000 бездомни кучиња.

Во последните три години 3.600 граѓани низ земјата пријавиле напади од улични кучиња. Од нив дури 500 се деца. Но се смета дека бројките се многу поголеми од официјалните, а општините исплаќаат илјадници евра оштети.

Со иновации поврзани со оваа проблематика излегоа Општините Берово и Сопиште кои објавија повици за субвенционирање 100 отсто стерилизација на домашни миленици, каде што цената на стерилизација се движи од 4.000 до 6.000 денари.

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ ја поздрави ова иницијатива за субвенционирање на стерилизации за домашни миленици на Општина Сопиште и Општина Берово.

„Овие две општини и нивните градоначалници Стефче Трпковски и Звонко Пекевски се помеѓу првите што го препознаа коренот на проблемот во нивните општини и овожможуваат на жителите на територијата на нивната општина да ја добијат бесплатно таа услуга“, велат од здужението.

„Анима Мунди за Градска.мк истакнаа дека се работи за домашни миленици на руралните средини кои не се стерилизираат од сопствениците, а потоа се пуштат и така се рамножуваат. Но, бидејќи граѓаните не се во можност да ги платат овие средства, ова одлука на градоначалниците на овие општини е за поздравување.

За ова прашање пред извесно време зборуваше и директорката на „Лајка“ Радмила Пешева за Градска.мк, која вели дека нејзиното претпријатие се бори со сета своја сила во сите општини  да се реши проблемот, без средствата кои треба да ги добиваат од општините, но и со ограничен персонал во претпријатието вели дека и се врзани рацете. Според неа мора општините да бидат поотворени и да соработуваат, тоа посебно се однесува на  стерилизацијата на кучињата.

„Најголемиот проблемот го креираат граѓаните кои што создаваат легла и кои што после ги фрлат на улица, еднаш кога кучето е на улица после многу брзо се размножува и проблемот се мултиплицира за час, меѓутоа општините мора да работата на овој проблем, а не да се изземаат од одговорност . Тоа треба да се прави преку заедничка едукација на  граѓаните за тоа кои се нивните обврски„ истакна Пешева во интервју за Градска.мк.

Приштина со креативо решение за кучињата скитници

Косовскиот главен град Приштина нуди по 50 евра месечно на граѓаните кои ќе вдомат улично куче. Откако пред извесно време во центарот на градот улични кучиња искасаа двегодишно дете по лицето, градоначалникот Перпарим Рама одлучи да започне акција за отстранување на кучињата скитници од улица и нивно испраќање во прифатилишта со лиценца од косовската Агенција за ветеринарство и храна (АВУК), каде што ќе бидат соодветно третирани и потоа подготвени за посвојување.

Еден граѓанин може да земе 5 кучиња. Приштина презема бројни акции за лекување на кучињата скитници, за што досега се предвидени 1 милион и 300 илјади евра.

 Како Холандија успеа да го искорени проблемот со кучињата скитници?

Холанѓаните го постигнаа тоа преку програмата CNVR (Собери, кастрирај, вакцинирај и врати), програма за стерилизација на национално ниво, финансирана од владата. Светската агенција за заштита на животните верува дека тоа е најефективниот начин за борба против популацијата на кучиња скитници.

Дополнително, многу општини ги зголемуваа даноците за кучиња купени во продавница за да ги поттикнат луѓето да посвојуваат бездомни кучиња од засолништа. Понатаму, Холандија формираше полициски сили за животни кои ги надгледуваат злосторствата врз животните. Покрај тоа, законот ги спасува и животните во неволја.

Партијата за животните од ова земја, смета дека постои корелација помеѓу тоа како општеството се однесува кон своите животни и како се однесува кон своите цивили. Се вели дека „постои директна врска помеѓу насилството врз животните и насилството врз луѓето“.

АКТУЕЛНО