Search
Search

Што може да носите при влез и излез од државата?

Царинската управа објави што може да се носи при влез и излез од Македонија.

Дозволен е внес на преработки од тутун и алкохолни пијалоци:

-200 цигари
-100 цигарилоси
-50 пури или 250 гр. тутун
-2 литри алкохол до 22% и 1 литар алкохол над 22%
-Дозволен внес и излез на пари во готовина и дозволен внес на парфеми:
-При излез до 2000 евра, додека пак доколку износот е од 2 до 10 илјади евра истиот треба да го пријавите и да приложите доказ за потекло од банка или менувачница.
-При влез до 10 илјади евра, а доколку носите над оваа сума истата треба да се пријави.
-Парфемите се движат до 50 милилитри додека пак тоалетната вода е до 250 милилитри.
Дозволен внес на стока од некомерцијална природа и пренос на миленици:
-Стоката која ја внесувате од странство во вредност до 350 евра е ослободена од плаќање на увозни давачки, доколку истата е од некомерцијална природа.
-За секој домашен миленик сопственикот треба да поседува: Пасош и ветеринарно-здравствен сертификат.

АКТУЕЛНО