Search
Search

Госпоѓата од летниковецот може да добие од 6 месеци до 3 години затворска казна, остра реакција на ССНМ

Во Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) се вознемирени и крајно разочарани од случувањата при снимање на прилог на ТВ Алфа кога граѓани се „дрзнаа да присвојат јавен простор и да ја избркаат телевизиската екипа со образложение дека тоа ним некој им го дозволил“, реагираат од ССНМ откако засега непознато семејство решило на јавен простор да прави роденден за своето дете и нервозно ја избрка екипата на ТВ Алфа од летниковец во Градскиот парк во Скопје.

„Потсетуваме дека попречувањето на новинарите и снимателите во обврските за информирање на јавноста е казниво според законот. Дополнително, попречувањето е направено во процес на снимање на тема за подигање на свеста за многу горливо и сензитивно прашање за граѓаните и општеството, како што беше темата во прилогот, што дава нехумана тежина на чинот кој е за секоја осуда. Дрскоста и елементарното отсуство на емпатија кон колегите и кон гостите во прилогот на Анастасија Богдановска – Илиевска од страна на “славениците“, кои и да се, не смее да остане незабележано, па и несанкционирано особено што станува збор за јавен простор кој никако не може да биде даден во владеење, па нека е и времено, на група граѓани. ССНМ ја осудува постапката на граѓани кон нашите колегите затоа што освен попречувањето во работата, колку и да не е опасно во овој случај, станува збор за загрозување на безбедноста на новинарите и медиумските работници“, реагираа од ССНМ.

Од ССНМ потсетуваат и предупредуваат дека попречувањето на новинарите во вршење на нивната работа е казниво според член 139 од Кривичниот закон, кој таквото дело го препознава како попречување на службено лице во вршење на неговата работа за што е предвидена казна од шест месеци до три години.

Воедно, од ССНМ ги охрабруваат новинарите да пријавуваат до надлежните вакви и слични инциденти, бидејќи „колку и да изгледа безопасно, толку може да охрабри други уште поагресивно да се однесуваат кон новинарите и медиумските работници додека се тие на извршување работни задачи“.


“Мој е летниковецот, го резервирав“: Жена брка ТВ екипа која снима за дете со дијабет

АКТУЕЛНО