Search
Search
Фото Дехран Муратов

Температури до 50 степени – Дали е земјава подготвена доколку се појават пожари?

Ел Нињо, глобален феномен на климатските промени, стигна и до Европа, вклучувајќи и Македонија, и ги донесе своите последици. Топлотниот бран предизвика значителен пораст на температурите во нашата земја, што се одрази и на нашето секојдневие. Граѓаните се соочени со екстремно високи температури, што влијае на здравјето и удобноста. Хидролошките услови се исто така засегнати, што може да предизвика проблеми во снабдувањето со вода.

Температури до 50 степени

Во Македонија се до крајот на оваа, но и во текот на следната недела продолжуваат екстремно високите температури на воздухот и големиот топлотен Африкански бран, вели метео-прогнозерот Славчо Поповсски за Градска.мк

„Ел Нињо влијае на времето во цела Европа и кај нас . Токму поради ова имаме екстремно високи температури. На повидок нема освежување на времето, напротив до крајот на оваа недела ќе биде уште потопло со максимални температури на повеќе места до близу 40 степени.  Во најтоплите предели до околу, па и над 45 степени. Мора да напоменеме дека  на сонце температурите ќе бидат многу повисоки и понекаде ќе се искачуваат дури и над 50 степени. Ув индексот ќе има екстремно висока вредност (10). Препорачуваме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности„.

Во случај на пожар колку сме подготвени…

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи за Градска.мк истакна дека до овој момент немаме активни пожари, една од причините секако се и дождовите кои што ја навлажнија почвата, но и вегетацијата. Но, факт е дека дел од вегетацијата е доволно сува за пожари.

Тој кажа дека секоја институција има свој посебен план со кој што се подготвува за борба со пажари особено во претстојниов период кога се очекуват големи жештини и голема сувост на вегетацијата.

„Нам како држава на располагање ни стојат три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување Ер трактори, од кои едниот е овде, а другите треба да пристигнуваат за неколку дена. Истите беа на сервис, сервисот е завршен и треба да пристигнат во државата. Понатаму, армијата има дра хеликоптери со кои што можат да се гасат пожари, а исто така и полицијата има на располагање два хеликоптери со можност во функција да го стават и третиот хеликоптер. На тој начин морам да кажам дека за разлика од минатите години ова година, имаме значително повеќе воздухоплови кои што го олеснуваат гаснењето на пожарите особено во високите тешко достапните предели“.

Ангелов рече дека информациите кои што граѓаните ги добиват од медиумите од сите институции што имаат надлежност при гасење на пожари помага да се подигне граѓанската свест од опасностите и штетата од пожарите и, како што рече, негова генерална перцепција е дека граѓаните се исклучително внимателни но доволно е само еден недоволно совесен, можеби недоволен внимателен граѓанин за да започне еден мал пожар, со кој може да се изгасне со неколку литри вода и ако истиот не биде благовремено изгаснат неколку километри понатаму да биде развиен во монструм пожар во големи размери.

Македонија ќе остане во портокалова фаза, поради високите температури од над 40 степени, кои ќе траат во наредните десет дена. Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот. Од денеска важи и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Назми Абдурахмани

АКТУЕЛНО