Search
Search

На „Табановце“ за влез се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 1 час, а на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АКТУЕЛНО