Search
Search

По канцерогениот чипс, праски од Србија вратени на хрватската граница

На хрватската граница, вратена е пратка со праски која пристигнала од Србија поради утврденото високо ниво на пестицид хлорпирифос, објавено е на веб-страницата на Европската комисија.

Инаку, ова не е прв пат од почетокот на годинава, пратка од Србија да биде вратена на границата со земјата во која треба да стаса.

На почетокот на август на границата со Хрватска беше откриено дека чипс од Србија содржи канцерогена супстанца. За разлика од тој случај, кога се во прашање праските, не се наведува конкретна опасност, туку само пишува дека товарот е од Србија – потенцијално ризичен.

Така, на 7 јули од границата со Словенија беа првично вратени српски праски. Тогаш беше утврдено дека праските го содржат споменатиот пестицид хлорпирифос.

Како што наведоа тогаш медиумите, по контакт со хлорпирифос, потрошувачите може да доживеат различни ефекти врз нервниот систем, како што се главоболки, заматен вид, зголемена саливација, напади, а во екстремни случаи, во зависност од количината и должината на изложеноста, и на кого – и смрт, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

АКТУЕЛНО