Search
Search

Дел од учениците ќе ја започнат новата учебна година во нови кабиенти, тоалети, училници

Завршуваат реконструктивните активности во 56 училишни објекти кои се дел од акцискиот план на Министерството за образование и наука за унапредување на условите за следење настава и за работа, за оваа календарска година.

-Се инвестираат над 4,5 милиони евра обезбедени во буџетот на МОН преку одделението за капитални инвестиции, проектната единица за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти и проектната единица за унапредување на основното образование, потенцираат од Министерството за образование за Градска.мк.

 

 

Како што додаваат од МОН, во 40 училишни објекти во повеќе општини во државата се изведуваат градежни активности за подобрување на енергетската ефинасност, унапредување санитетско – хигиенските услови и пристапноста за учениците и лицата со попреченост. За оваа намена, финансиска поддршка е обезбедена од Светската банка која го финансира спроведувањето на Проектот за унапредување на основното образование. 

Реновирани се санитарните јазли во училиштата „Св.Кирил и Методиј“ во Кочани ,  „Кочо Рацин“ Кратово, ООУ „Бајрам Шабани“  во Куманово, ООУ „Васил Главинов во Велес, ООУ „Димитар Влахов“ во Штип, ООУ „Св.Климент Охридски“ во Делчево, ООУ „Никола Вапцаров“ и ООУ „Маршал Тито“ во Струмица, ООУ „Атанас Нивачински“ с.Нова Маала во Василево, ООУ „Гоце Делчев“ Горно Лисиче , ОOУ „Лиман Каба“   с.Љуботен  ОOУ „Петар Здравковски Пенко“ во Бутел, ООУ „Алија Авдовиќ“ с.Батинци, ООУ „Лириа“ Чаир,   ООУ  „Кочо Рацин“ во Прилеп, во Кичево ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“, ООУ „Гоце Делчев“ Ресен, ООУ „Дитуриа“               во Сара, OОУ „Дрита“  и ООУ „Фаик Коница“ с.Рашче , ОOУ „Сали Лиси“ с.Добридол, OОУ „Абдил Фрашери“ с.Боговиње, ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, ООУ „Луиѓ Гуракуќи“ с.Желино итн.

Во Ранковце во ООУ „Х.Т. Карпош“  променет е под, како и во ООУ „Даме Груев“ с.Градско, во ООУ „Никола Карев“ Радовиш направена е пристапна рампа за ученици со посебни потреби како и во голем дел на училиштата, потоа реновирани се соблекувални, врати, прозори, реконструкција на тоалети, фасади, кровови и кабинети.

Целата листа на следниот линк: Список на реновирани училишта

-Во 16 други училишта пак, преку Одделението за капитални инвестции во МОН и проектот за изградба на спортски сали и рехабилитација на училишни објекти се врши поставување на нова или санација на постојната кровна конструкција, реконструкција на фасада, обнова на кабинетски простории, замена на столарија и слично. Се работи за проекти со кои локалните самоуправи аплицирале на повиците на министерството за обезбедување поддршка и истите се прифатени како приоритетни за реализација, појаснуваат од МОН.

Како што додаваат од министерствотот, заложбите за унапредување на образовната инфраструктура се интензивираат, а тоа се огледува преку буџетот наменет за капитални инвестиции кој од година во година постојано се зголемува и има висок процент на реализација. За потсетување, минатата 2022 година беше обезбеден буџет од над 16 милиони евра за оваа намена и истиот е реализиран над 94%.

-Подобрувањето на инфраструктурните услови, заедно со замената на наставните програми и набавката на нови учебници, како и подигнувањето на мотивацијата на наставнциите за работа преку повисоки лични примања и можности за професионален и кариерен развој се дел од поголема стратегија на МОН за унапредување на квалитетот на основното и средното образование, усвоена преку широка јавна дебата и со согласност од сите засегнати чинители, велат од МОН.

Сoња Танеска

 

 

АКТУЕЛНО