Search
Search
Градска редаксија

Учениците во училиште, а со тоа и септемвриската „главоболка“ за родителите

Скопските книжарници се во полна пареа овие денови, со вревата на ученици и нивните родители кои купуваат моливи, тетратки и училишен материјал, за почетокот на учебната година која официјално почнува денеска. Од долги списоци со учебни материјали, па до креативни потреби за наставната програма, книжарниците се место на голема активност. Иако, родителите ќе бидат поштедени од трошоците за книги купувањето на училишниот прибор претставува сериозен издаток за семејниот буџет.

Градска редакција

Ранец од 600 до три илјади денари

Според пресметките направени од Градска.мк, опремувањето на еден ученик за новата школска година би била околу 5.000 денари. Ова вклучува купување на тетратки, папки, моливи, боички, ранци и други потребни материјали. Пресметките беа извршени шетајќи по неколку книжарници во градот. Ранците на пример, чинат од 600 денари, па се до 3000 денари, во зависност од произведувачот и квалитетот. Најевтините, на пример, не се анатомски, па се и најнепопуларни кај родителите, а можат да се најдат и на Бит Пазар. Заедно со поскапите ранци, одат и соодветни помали ташнички од истиот бренд кои се од 300 до 600 денари, како и прибори за пишување од 60 денари празни до 600 со моливи, пенкала, фломастери, боички, острилка, линијари. И цените на работните листови варираат во зависност од предметот и издавачот. Така, тие можат да се набават за цени од 180 до 260 денари. Тетратките се продаваат за цени од 20 до 90 денари мал формат, 60-140 денари А4 формат, сет моливи се педесетина денари, слична цена се гумите за бришење, нешто поскапи се острилките, лилијарите, триаголниците. Посебен издаток е приборот за ликовно образование.

Градска редакција

Родителски „главоболки“

Еден од родителите со кој што разговараше Градкса.мк како дополнителен проблем го истакна и прекумерното, односно неможноста децата од основно да ги совладуваат образовните предмети, па се принудени да ги испратат децата по дополнителни часови.

„Знаејќи дека моите три деца се во целодневен престој поради динамиката на нашите работни обврски, ова нормално си има свој трошок што ги имаме како товар за нивното школување. Дополнително на ова се и потешкотиите да се совладува знаењето што се нуди во училиштата, па принудени сме да ги пратиме и на дополнителни часови преку курсеви по различни предмети. Вложувањето во нивното образование станува се потешко, но ние сме принудени да издвојуваме средства за нивното образование“, истакна Мухамед Красниќи, професор на средно образование.

Друг родител кој сакаше да остане анонимен и кој се претстави дека е невработен вели дека има две деца, во основното образование, а подготовката за училиште рече дека ќе го чини 9.000 денари за двете деца.

„Имам две ќерки. Едната е 5-то одделение, другата сега е запишан во 1-во одделение. Почнувајќи од училишната ташна, и тоа мислам на просечни цени, па се до острило, моливи, тетратки и други работи отсега мора да најдам над 9 илјади денари“.

Тој се пожали и на други непотребни трошоци кој што му ги побаруваа од школото, односно од учителките. На пример за празни листови, за принтери, за завеси.

Поголеми деца, поголеми трошоци
На месец дена пред стартот на академската година дополнителна грижа имаат семејствата кои имаат судент. Особено оние родители чии деца не студираат во родниот град, па освен плаќање на семестралната година треба да платат и за сместување.

Н. А.

АКТУЕЛНО