Како што известуваат од Општина Центар, новите реквизити, кои се донација која општината на 26-та седница на Советот ги прифати како донација од општествено одговорната компанија Видеолотарија Казинос Австрија, се поставени на место на постојното игралиште кое беше дотраено и многу оштетено. Покрај нив поставена е нова детска ограда и гумена подлога за побезбедна детска игра.
Од компанијата велат дека станува збор за модерно и инклузивно игралиште за безбедна игра на сите дечиња.
– Со донација од 2.200.000 денари Видеолотарија Казинос Австрија го реновираше ова игралиште и овозможи да добие модерен изглед на коешто дечињата ќе може да играат безбедно. Да напоменам дека е комплетно реновирано, обезбедена е нова подлога безбедна ограда и седум реквизити. Овозможено е да можат да играат сите дечиња вклучително да имаат инклузија дури и дечињата со попреченост. На овој начин овозможуваме сите да бидат безбедни, а дечињата да имаат безгрижен и забавен развој, изјави Вики Чадиковска, маркетинг директор на Видеолотарија Касинос Австрија.
Од Општина Центар нагласија дека продолжуваат со изградба на модерни и функционални детски игралишта како нови рекреативни зони за најмладите и додадоа дела во изминатиот период ги реконструирале и фарбавме и чистевме детските игралишта во Капиштец, Дебар Маало и тие на Градски Ѕид.
Општина Центар апелира на примерно однесување и зачувување на реквизитите на детското игралиште со цел истите да не се кршат или оштетуваат затоа што, како што велат, децата на нив најмногу се радуваат.