Search
Search

Инспекциските служби на Гази Баба и полицијата го срушија дивото градилиште во Инџиково

Инспекциските служби на општина Гази Баба со асистенција на Министерството за внатрешни работи денеска го срушија безправно изградениот деловен објект во Инџиково.

Присутен беше и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој изјави дека нема да дозволи урбаната мафија да дивее низ општината.

На неговиот Фејсбук профил тој објави видео и напиша дека од пет часот утрово е на терен каде се реализира акцијата за уривање на дивоградбата во Инџиково.

Никој не е над Законот. Нема да дозволам урбаната мафија да дивее низ општина Гази Баба. Компромис со спроведување на Законот, ниту сум правел, ниту ќе правам. Апелирам до граѓаните да се почитуваат Законите за да немаме вакви непријатни ситуации. Тука нема да застанеме – порача Стефковски.

АКТУЕЛНО