Search
Search

Лидерите од регионот на вечера кај Пендаровски во Вила Водно

Претседателот Стево Пендаровски синоќа во Вила Водно ги пречека колегите од регионот кои денеска ќе учествуваат на состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони.

 

„Добредојде за моите колеги од регионот со кои утре очекувам да имаме конструктивна дискусија на состанокот во рамките на Процесот брдо-Бриони”, напиша Пендаровски на Фејсбук, објавувајќи фотографии од пречекот на лидерите.

На фотографиите се претседателите на Словенија – Наташа Пирц Мусар, на Хрватска. – Зоран Милановиќ, на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, на Косово – Вјоса Османи, на Албанија – Бајрам бегај и членовите на Босанското претседателство Жељка Цвијановиќ и Денис Беќиревиќ. На вечерата, според фотографиите, присутни биле и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни рбаоти Бујар Османи.

 

 

На утрешниот состанок најавено е и учеството на сршскиот претседател Александар Вучиќ и на хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

 

Во фокусот на утрешниот лидерски состанок се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Процесот Брдо-Бриони првпат е одржан во 2013 година во Брдо кај Крањ, на заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и на Хрватска, а основна цел на Процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во ЕУ, стабилизација на ситуацијата на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решеавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Брдо-Бриони процесот се среќаваат најмалку еднаш годишно.

 

 

 

АКТУЕЛНО