Search
Search

Од денеска ќе се прска против возрасни форми на комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од денеска, 11-ти до 15-ти септември 2023 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција (петта фаза) против возрасни форми на комарци.

Во посочените денови, прскањето од земја ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

АКТУЕЛНО