Search
Search
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

По свежото утро, поладне температурата во Скопје до 33 Целзиусови степени

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Температурата наутро ќе биде 11, а во текот на денот 33 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде наутро свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 4 до 13 Целзиусови степени, а попладне од 26 до 33 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Според прогнозата на УХМР, во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Температурата наутро ќе биде 11, а во текот на денот 33 Целзиусови степени.

И во текот на утрешниот ден од УХМР информираат дека наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло. Утре во попладневните часови се очекува да има мала облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Темпертурата утре наутро ќе биде од 6 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје, од УХМР велат дека и утре времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер и температура до 33 Целзиусови степени.

 

 

 

АКТУЕЛНО