Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека е подготвен да разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори и дека е „техничко прашање“ дали тие би се одржале во декември оваа година или во јануари или февруари идната година.
Вучевиќ, кој е и министер за одбрана, за телевизијата Прва изјави дека „не ја исклучува можноста“ во Србија да има избори „до крајот на годината или на почетокот на следната“.
-Ако некој мисли дека сме го изгубиле легитимитетот, подготвени сме тоа да го провериме на гласачките места, рече Вучевиќ.
Тој изјави дека СНС е подготвена да разговара за сите избори, за „републички, локални, покраински, се може да биде дел од пакетот политички договор“.