Search
Search

Нема „бугарски диктат“, туку француско-германски предлог – вели Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју за новата сезона на емисијата 360 степени што се емитираше на МРТ1, зборуваше за многу теми меѓу кои уставните измени, кривичниот законик, ДУИ и евроинтеграциите.Ахмети за уставните измени изјави дека земјата ќе биде на пат кон членство во ЕУ, а во тој случај граѓаните ќе имаат подобар живот со европски стандарди.

„Почитувани мои сограѓани Македонци, како што сте вие мои и јас сум ваш, ваш сограѓанин. Немојте да мислите дека ние ви работиме зад грб затоа што оваа држава е и наша, иднината сакаме да ја изградиме овде зашто тука сме родени“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на новинарска забелешка дека Македонците може да речат оти на Ахмети му е лесно да зборува на тема уставни измени и односи со Бугарија зашто не е засегнат идентитетот на Албанците.

Вашингтон, Брисел и НАТО, според лидерот на ДУИ, четири години интензивно работеле за да направиме промена на Уставот и бугарското малцинство да стане уставна категорија.

„Го слушам Мицкоски како вели ’бугарски диктат’, каков бугарски диктат кога предлогот е француско-германски. Тука автоматски македонската нација добива меѓународен легитимитет, Бундестагот гласаше за признавање на јазикот, културата, македонската нација, има иницијатива во американскиот Конгрес, американскиот Сенат за чествување на културата, јазикот, историјата на Македонија, да не ја пропуштиме шансата бидејќи историски нациите и државите биле изградени со сојузништво, пријателство, ќе останеме сами, изолирани, губиме шанса за членство во ЕУ и потоа ќе се караме меѓу себе кој е предавникот, да ги бараме предавниците“, вели лидерот на ДУИ.

Според Ахмети, кога ги внесуваш Бугарите како уставна категорија, автоматски „правиш поделба, Македонци и бугарското малцинство“.

АКТУЕЛНО