Search
Search

Спасовски: Криминалот не може да биде посилен од државата, тоа не било и нема да се случи

„Република Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е во друштво со 36 земји најбезбедни во светот. Тоа се податоци и анализи коишто ги прават релевантни меѓународни организации од делот на безбедноста“ – вели во ексклузивното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Зборувајќи за сајбер криминалот, Спасовски вели дека ако ги погледнеме резултатите од оваа година, ќе видиме дека имаме намалување на компјутерскиот криминал за 7,4 проценти во споредба со минатата година.

Министерот Спасовски за актуелната политичка состојба во државата, вели дека никој не може да им опонира на 80 проценти од граѓаните што сакаат европска перспективата.

„80 проценти од граѓаните во Република Северна Македонија посакуваат да бидат дел од европското семејство. Кој е тој што може да опонира на 80 проценти од граѓаните? Кој е тој што сака да ја уништува перспективата на државата? Затоа сметам дека сите политички субјекти, и сите одговорни политичари треба да работат на остварување на една ваква цел и нема изговори веќе во државата за нашиот напредок дека некој друг ни стои на патот во остварување на нашите цели, нагласува министерот Спасовски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.

Тој истакна дека СДСМ е стожер на проевропскиот фронт и водечка политичка сила кога станува збор за проевропскиот блок.

„СДСМ е стожер на европскиот фронт. Таа е водечка политичка сила во државата кога станува збор за проевропскиот блок и СДСМ е таа околу која што ќе се собере европскиот фронт“, дециден е Спасовски.

Министерот во интервјуто зборува и за двојното убиство во Старата скопска чаршија и за борбата со криминалните групи. Тој нагласува дека никој не е помоќен од државата. Спасовски, исто така зборува и за измените во Кривичниот законик и за можноста опозициската ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени.

 

АКТУЕЛНО