Search
Search
Фото/ Стево Пендаровски

За две години од Македонија протерани 21 руски дипломати

Во изминатите две години ние протеравме, без последниве тројца, 18 руски дипломати, кои беа со статус на дипломати и се бавеа со шпионажа. Секој поединечен случај од тие 18 и овие три плус, нашите служби со помош од партнерските и пријателски служби од НАТО-алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи, тие не беа дипломати и поради тоа беа протерани, вели Пендаровски.

Сите протерани руски дипломати од Северна Македонија излегувале надвор од статуст што им е даден при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА).

Според Пендаровски, тие биле со статус на дипломати, а се занимавале со шпионажа, како и дека нашите служби со партнерските служби од НАТО го докажале тоа.

На прашањето за реципрочните мерки што Руската Федерација ги најави кон Северна Македонија, Пендаровски вели дека е логично тоа да се случи, но нагласува дека земјава немала друг избор освен да побара дипломатите да си одат.

Вчера и бугарските власти соопштија дека шефот на руското црковно предворје во Софија, архимандритот Васијан Змеев, сега е протеран од Бугарија поради „закана за националната безбедност“. Покрај него, како што објави Амбасадата на Русија во Софија, од Бугарија се протерани уште двајца црковни службеници вработени во црквата „Свети Никола Мирликиски Чудотворец“.

 

АКТУЕЛНО