Search
Search

Во Косово денеска прогласен Ден на жалост по вчерашните немири

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата.

Во синоќешното соопштение од кабинетот на Османи се наведува дека „државниот протокол ќе ги преземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката“.

Началникот на косовската полиција, Буњаку беше убиен, а уште еден граничен полицаец беше ранет во вчерашниот напад од група од, според косовското МВР, околу 30 маскирани и униформирани лица, кои поседувале тешко оружје, во селото Бањска, кај Звечане во северно Косово.

По реакцијата на косовските специјалци, најмалку тројца од напаѓачите се убиени, а неколкумина се уапсени. Полицијата синоќа го зазеде манастирот во Бањска, каде што групата се засолнила по извршувањето на нападот.

 

АКТУЕЛНО