Search
Search

За 60 % ќе поскапи парното греење, ако за три недели не се постави топловод на мостот Беласица

Грејната сезона почнува за помалку од три недели, а на скопјани им се заканува нов ценовен шок. Ако не се постави новиот топловод на мостот Беласица, парното греење ќе поскапи за 60 проценти тврдат од Регулаторната комисија за енергетика.

Деновиве инженерите од ЕСМ ќе треба да почнат физичка градба, но тоа нема да значи санација на мостот, туку само нова подлога и држачи за цевките. Подготвени, се и чекаат дозвола од градските власти за да ја завршат работата.

Од Град Скопје нема одговор, кога ќе дадат зелено светло за да може да се изврши монтажата.

Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист дека цевките за парно под Беласица кои чекаат половина година, ќе бидат наместени за помалку од 3 недели.

– Сметам дека има време тоа да се направи и кога ќе се направи ќе се олесни работата на РКЕ да определи цена на топлинската енергија и ќе биде по цена прифатлива за скопјани. Колегите во ЕСМ работат на оваа проблематика, рече Ковачевски.

Топловодот е важен затоа што низ него поминува топлината од Те-то која е за неколкупати поевтина отколку онаа од топланите.

 

 

Гаревски за Градска.мк: Мостот „Беласица“ не е саниран, а треба да направиме и пробно товарање за да се врати во целосна функција

АКТУЕЛНО