Search
Search

Административците од „Комунална хигиена“ ги чистеа Водно и Матка

Администрацијата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ острани 10 метри кубни отпад од излетничките места Водно и Матка, каде неделава се реализираше  тридневна акција за чистење .

 

Од претпријатието посочуваат дека во акцијата учествувале околу 70 административци кои ги собирале расфрланите отпадоци од паркингот на средно Водно, како и од падините на парк-шумата сè до врвот, каде што целосно е исчистен просторот околу Милениумскиот крст и планинарскиот дом „Даре Џамбаз“.

Воедно, собрано е и непрописно фрленото ѓубре на потегот од пешачкиот мост сè до хидроцентралата „Матка“.

Фото: „Комунална хигиена“
Фото: „Комунална хигиена“
Фото: Комунлана хигиена“

АКТУЕЛНО