Search
Search

Аеродром се дави во ѓубре, Муцунски „џабе“ ангажира фирма за 350.000 евра да ја чисти општината

Ова е денешната слика од Општина Аеродром, а јавните површини низ општина Аеродром никогаш не биле позапуштени, при што низ цела општина се гледаат фрлени гранки, купови од лисја и кабаст отпад кој се одложува до контејнерите. Градоначалникот Тимчо Муцунски иако ветуваше дека тој проблем итно ќе се реши, не успеа да се справи со истиот.

Во мај минатата година Муцунски склучи договор со на една година со фирмата ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС во вредност од околу 335.000 евра за одржување на јавни зелени површини, одржување на хигиена на јавни површини и други комунални услуги.

Исто така имаше обвинувања од граѓаните дека компанијата  ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС не само што не одржува хигиена во општината туку дел од сметот што го собрала, го одложувала на зелена површина, до кејот на Вардар, наместо во Дрисла. На самото место била забележана од инспекторите на град Скопје за што е пишана казна во висина од 88000 евра која треба да ја плати општината, односно граѓаните на Аеродром.

АКТУЕЛНО