Африм Гаши, нов собраниски спикер

Иако ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратенички мандати се бореше да ги добие сите водечки функции, претседател на државата, спикерското и премиерско место, сепак во рацете на Вреди најверојатно оди претседателското собраниско столче.

Според информации на коалицијата Влен битно било прегласувањето во средата кога добија пратеник плус во шестата изборна единица од контото на Коалицијата предводена од ДУИ.
Со ова Влен има 14 пратенци а ДУИ второто опозициско место сега го дели со Коалицијата предводена од СДСМ.

Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, синоќа во интервју за Алсат ТВ не демантираше дека ќе биде новиот претседател на Собранието. Африм Гаши, за кој од почетокот се шпекулира дека е личноста која ќе седне на чело на Собранието, вели дека на разговорите со ВМРО ДПМНЕ за новата Влада, една од точките била Албанците да го добијат спикерското место.

Се ќе биде јасно во вторник на 28 мај кога на конститутивната седница ќе се верификуваат мандатите, ќе се избере комисија за избори и именувања и претседател на Собранието.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави