Search
Search

Ахмети го предложи Османи за претседателски кандидат, побара и промена на Уставот

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави денес лидерот на партијата, Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање во кое го најави, како што рече, најважниот референдум во Македонија – што го сумираше во реченицата „Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“

Тој ги повика граѓаните тогаш кога ќе се отвори Уставот заради Бугарите, да се внесе и измена со која граѓаните ќе  избираат претседател и заменик претседател  со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер, .

Според него шефот на дипломатијата Бујар Османи ја очекува оваа промена што ја бара ДУИ уште од политичките програми во 2016 и 2020 година, практично најавувајќи дека ДУИ него ќе го кандидира за претседател и во иднина ќе бара воведување функција заменик претседател. Според Ахмети, отворањето на Уставот за ваков избор на претседател (веројатно по принцип Македонец и Албанец) ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.

Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.

 

АКТУЕЛНО