Search
Search
Фото/Градска редакција

Ако сме мафијаши не би работеле во Комуналец, велат избрканите од претпријатието кои подготвуваат жалби

Суспендираните од работа од Комунална хигиена- Скопје немаат намера да се откажат, спремат жалби против нивните одлуки што им беа поделени во понеделникот. Тие не се согласуваат со образложението кои им биле наведени од органите на Комунална хигиена дека биле отсутни од работа три дена и ги попречувале останатите служби да си ги извршуваат нивните задачи.

По консултации со адвокат тие денес поднесуваат жалба до надлежните институции и бараат да се вратат на работа.

Еден од нив е и Веби Азири работник за собирање отпад кој 15 години работи чесно и совесно во Комунална хигиена- Скопје.

Тој за Градска редакција наведува дека не е точно дека отсуствувал три дена од работа, и дека не ги попречувал другите да ја извршуваат работата, тој протестирал мирно за да ги бара неговите права во работното место.

Фото/Градска редакција

„Имам 15 години работен стаж во Комунална хигиена, никогаш не отсуствуваат од работа, ме обвинија дека има вработени повеќе членови од мое семејство но тоа не е вистина, само јас сум вработен во ова Јавно претпријатие. Во мојот отказ во решението пишува дека сум отсуствувал од работа три дена, и тоа не е точно, тоа го потврдувам и со тоа дека истиот ден на 10 јуни во понеделник бев на работа и ми дадоа налог за да чистам во одреден дел од градот а истиот ден ми дадоа отказ, ова нема логика. Што е најбизарно пред некое време не посети и самата директорка и не пофали за работата која ја вршевме совесно, а сега и текна да не брка од работа. Едно е сигурно, не го прифаќам ова решение и образложението кое е наведено тамо. Ќе идам до крај ќе се жалам кај сите судови, правдата е на моја страна„ –  рече Веби Азири суспендиран од работа во Комунална хигиена- Скопје.

Тој со неколку други вработени и други лица кои не им бил продолжен договорот за работа во оваа Јавно претпријатие протестирале од петокот навечер до недела. Тој вели дека не е мафијаш како што ги нарекувал Градоначалничката Данела Арсовска, како и директорката Мазнева. Според него ако бил мафијаш немало да работи во Комуналец.

„Исто така во нивните изјави градоначалничката Даниела Арсовска и Директорката на ЈП Комунална хигиена изјавила дека сме мафијаши. Од кај јас мафијаш едвај преживувам со платата која ја земав. Ако бев мафијаш немаше да работам во комуналец. Ние протестираме да имаме повисоки плати и подобри услови за работа„ рече Азири.

Во недела навечер првично излезе список со 27 вработени на ЈП Комунална хигиена кои беа дел од тие што протестирале во просториите на ова претпријатие барајќи повисоки плати и враќање на тие на кои не им бил продолжен договорот на дело. Веднаш утредента во понеделник на истите лица им биле врачени договорите со отказ од работа.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО