Search
Search

Ана Радеска од Скопје е првак на светската олимпијада по англиски јазик „Hippo“

Средношколката Ана Радеска од Скопје е првак на светската олимпијада по англиски јазик во “Hippo 3” категоријата која се одржува во Италија.

Таа се пријавила на натпреварот минатата година како деветтооделенка на ООУ„Лазо Ангеловски“  по сопствена иницијатива со голема поддршка од родителите.

Ана Радеска заедно со професорката Сашка Делова, Тамара Николовски и братчето на Ана

Во Рим како финалисти од Македонија се исто така уште две ученички, Катја Гогова од ООУ “Петар Мусев”, Богданци, категорија Little Hippo, со менторот Оливера Прочкова Узунова и Тамара Николовски од ООУ “Гоце Делчев”, Битола, категорија Hippo 3, ментор Сашка Делова.

„Hippo-Хипо“ е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји, а оваа година имаше над 80.000 учесници од целиот свет.

-Уште во првата година од олимпијадата, 2012 имавме победник во финалето, Елена Карамачоска од приватното училиште ЕЛИТ од Струга. Потоа секоја година имаме финалисти од Македонија, а и победници во светското финале, велат за Градска.мк од ” Hippo Macedonia”

Минатата година Вања Ѓорѓиоски од ООУ „Климент Охридски“, Прилеп (ментор Фросина Ацеска) исто така освои 1. место во финалето во Италија. Оваа година Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ Прилеп освои 1. место во светото во пишување есеи во категоријата Хипо 1, повторно организирани од Глобал Хипо.

Исто така Олимпијадата годинава беше под покровителство на МНР на Италија.

Од “Hippo Macedonia” изразуваат голема благодарност до амбасадорот Весел Мемеди кој присуствуваше на церемонијата и даде поддршка на децата.

-Тоа е единствена поддршка од државата што некогаш ја добиле учесниците од почетокот на Олимпијадата, додаваат тие.

Ова е линк до веб страницата на Хипо па можете да прочитате повеќе за самата организација.

//hippo-olympiad.org/about-us/

С.Т.

АКТУЕЛНО