Search
Search

Ангелина Димоска-Миташева е нова в.д. директорка на Филхармонија

Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, ни потврдија од Министерство за култура.

Таа на функцијата ќе го наследи Даниел Лазаровски кој во изминатиот период беше в.д. директор.

Новото назначување доаѓа во време кога вработените во Филхармонија преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за итно разрешување на в.д. директорот Даниел Лазаровски поради како што соопштија, непрофесионално и неуко менаџирање, кое што се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на Македонската Филхармонија.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на прес-конференција одржана минатата недела, одговорајќи на новинарско прашање во врска со петицијата на вработените во Филхармонија за разрешување на директорот, потенцираше дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од страна на директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и тој ќе биде соодветно санкциониран.

Според неа, Министерството за култура постапува само по Законот за култура, а за какви било нерегуларности во работењето на одреден директор од областа на културата, постојат соодветни институции, а тоа не е ниту министерот, ниту службите во Министерството за култура.

АКТУЕЛНО