Search
Search

Анкета на Градска: Градски парк преполн со измет од кучиња!

Во срцето на нашиот весел и пулсирачки град, Градскиот Парк би требало да биде оаза на убавина и спокој. Но, на жалост, многу граѓани изразуваат загриженост поради недостатокот на грижа кон овој природен бисер.

Граѓаните во анкетата која ја реализираше Градска редакција за тоа колку го посетуваат Градскиот парк велат дека таму може да се направат многу добри работи. Тие се жалат дека нема Луна парк, па нечистотија и ред други нешта.

Од љубов кон природата и потребата за одржување на квалитетот на живот, граѓаните апелираат кон одговорните институции и сопствениците на куќиња да се обидат за подобрување на ситуацијата. Според нив, градскиот парк не треба да биде место каде што се допушта нечистотија, туку треба да биде уживателно и безбеден простор за сите.

“Сега кога ќе запролети одиме често. Во последно време малку се води сметка. На тревата кај што играт децата има многу измет од кучиња, сопствениците не водат сметка како што е на Запад„ – вели една од анкетираните.

Друг граѓанин се жали дека многу малку се прави за паркот што голем број на луѓе го посетуваат.

„Од поодамна ништо не е средувано. Нели се зборуваше да направат и како Луна парк. И тоа не е направено“.

Иако според член 19 од Законот за јавна чистота, освен на местата определени за фрлање смет, се забранува оставање измет од домашни животни и миленичиња на отворените простори на јавните објекти, со што сопствениците на кучињата се должни во кесичка да ги собираат фекалиите на милениците, се чини дека некои граѓани воопшто не ги засегаат казните од 50 евра.

АКТУЕЛНО