Анкета на Градска: Кога природата те повикува стисни ги забите оти во Скопје има само два јавни тоалети!

Ако треба да одите во тоалет додека шетате по градот, мора да стисните заби бидејќи во Скопје граѓаните и туристите не знаат или знаат само за еден тоалет што е функционален, а тоа е во подрумот на Градскиот трговски центар.Градска.мк упати прашања до Град Скопје за да ни одговори или потврди колку јавни тоалети се наоѓат во територијата на градот, одговор не добивме.  

За разлика од Град Скопје, ЈП Парк и зеленило беа „пољубезни“ и ни одговорија на прашањата поставени до нив, околу оддржувањето на истите.

„Паркови и зеленило одржува еден тоалет во Градскиот парк и еден под мостот кај Жабарот. Тоалетите се чистат два пати во неделата и отворени се до крајот на работното време до 15 часот„

Јавен тоалет кај Жабарот – Градска редакција
Јавен тоалет во градскиот парк – Градска редакција

Оваа несреќна состојба во град со над 500 илјади жители ги става граѓаните во непријатна ситуација и ги крева во барање на решение од надлежните институции. Граѓаните споделуваат своите искуства и гласно го изразуваат своето незадоволство.

Градска редакција реализираше анкета во главниот град и ги праша дали знаат каде има јавни тоалети во Град Скопје? Одговорите беа исти, дека не знаат каде има  јавен тоалет, односно дека ако ги повикува природата се приморани да одат во кафулиња или тој во подрумот на ГТЦ.

Во многу случаи, луѓето се приморани да се обратат до кафичи или ресторани или пак по џамиите на Старата скопска чаршија за да се „олеснат“. Оваа состојба не само што предизвикува физички дискомфор, туку се приморани да имаат постојана непријатна свесност за тоа дека не постои достапна место каде можат да отидат за обавување на основните физиолошки потреби.

Тaка, скопјани, но и туристите, додека шетаат низ центарот на градот немаат каде да се „олеснат“, да измијат раце, жените да се погрижат за менструална хигиена, освен крај некое дрво или друго место скришно од минувачи, или како што истакна младичот во анкетата во грмушка.

Н. А.

АКТУЕЛНО