Search
Search
Архивска фотографија: МОН

Анкета на Градска: Некои ги добија, некои не ги добија учебниците

Со весело исчекување и надежи, денеска, учениците во целата земја започнаа со своето школско приготовување. Во училиштата, низ целата земја, се чуваа смешки и радосни воздиши како новите лица првпат ги зачекуваа учебниците и училните.

Градска.мк во разговор со директорката на ОУ „Лирија“ Теута Идризи во општина Чаир, Скопје соопшти дека книгите почнале да се делат.

„Новите книги почнаа да се дистрибуираат оваа недела, а масовно ќе се дистрибуираат следната недела. Дел од учебницитеосновците ги добија од јуни со прием – достава на книги. Учениците ги предадоа своите стари книги и ги добија книгите за оделенијата што ќе почнат“, нагласи Идризи.

Ваква е состојбата и во училиштата во Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, додека пак во средните училиштат учебниците беа поделени денеска за време на првиот час.

Инаку, Градкса.мк направи анкета во градот дали ги добиле книгите на првиот училишен ден. Одговорите на граѓаните се дека денеска беше првиот ден на училиште и дека книгите треба да ги добијат од следната недела.

Видео анкета

Во разговор со друг родител, чие дете е осмо одделение во едно од училиштата во Скопје, рече дека неговата ќерка ги добила книгите уште во јуни.

„Ќерка ми ги доби книгите во јуни. Имаше соопштение од училиштето да ги предаваат старите книги и ги добиваја книгите за 8 одделение“.

Инаку вчера Министерот за образование Јетон Шаќири истакна дека учебниците се веќе испорачани до училиштата.

„Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, а во меѓувреме на располагање се помошни учебници“.

 

Назми Абдурахмани

 

 

АКТУЕЛНО