Search
Search

Апел за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска

Скопјанката Зорица Ѓорчевска објави на социјалната мрежа Фејсбук дека нејзината ќерка Вања исчезнала одејќи накај училиште.

Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.

Последен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон основното училишта „Песталоци“.

Четиринаесет годишно девојче утрово тргнало за на училиште, но не стигнало.  Мајката на девојчето, која била известена од класниот раководител дека нејзината ќерка не дошла на час, пријавила во полиција и со објава на социјалните мрежи бара помош од граѓаните. Тврди дека ќерка и утрово била добро расположена, и` дала пари за ужинка, по што заминала во училиште.Не се сомнева дека самоволно заминала некаде затоа што се работи за мирно и повлечено девојче во кое има целосна доверба.

– Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816, стои во објавата на мајката.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека имаат таква пријава.

На 27.11.2023 во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Родителите на децата од училиштето со кои разговаравме велат дека телефонот на девојчето од утрово бил исклучен. Нејзината мајка во телефонски разговор за Телма вели дека е многу вознемирена и дека ги прави сите напори детето што побрзо да се најде.

АКТУЕЛНО