Како што пренесе мета.мк, Мазнева-Николиќ го потврила разрешувањето.

„Точно е, разрешена сум од директорското место. Причините не ги знам, не ми беа соопштени, ниту пак сум се сретнала со градоначалничката Арсовска. Единствено, ме повикаа службите од Град Скопје да си го подигнам решението“, изјавила Мазнева.
 

Пред само три месеци, за време на штрајкот во ЈП Комунална хигиена Скопје, Арсовска излезе на прес-конференција заедно со Мазнева Николиќ и рече дека нема да дозволи никој да зборува против неа, оти таа „се нафатила да се справува со 1.400 вработени, во претпријатие кое било во заложништво на стотина ликови, семејно поврзани, од кои оние што ги водат се мафијаши, да ја направат виновна за било што“.