Search
Search
Фото/ Градска редакција

Арсовска им должи 112.500 евра на советниците: Поради неисплатен надомест, правдата ќе ја бараат на суд

Дури 112.500 евра им должи Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска на советниците во Советот на Град Скопје. Тие пари треба законски да ги добијат како надомест за извршувањето на нивната функција, а дел од нив наплатата ќе ја бараат преку суд.

Ниту еден од нив нема добиено пари за мај, јуни, јули, август и за септември, во висина од една просечна плата или околу 500 евра.

Ова го потврдува и претседателот на Советот, Трајко Славески, кој вели дека средствата редовно се уплаќале до април, а според него Арсовска има дадено усна наредна парите повеќе да не им се исплаќаат

АКТУЕЛНО