Search
Search

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска информираше дека заедно со инспекторите за животна средина во Градот спречиле екоцид кој што се случувал на територијата на општина Ѓорче Петров. Станува збор за детектирана еколошка катастрофа, која во општината се случувала на парцела од 4000м2 приватен имот и 5000м2 имот на државата, во непосредна близина на реката Лепенец.

Според градоначалничката, приватната дива депонија се наоѓа на парцела која е во сопственост на компанија која е под истраги за други дела и на лице кое е вработено во општина Ѓорче Петров во секторот за финансии.

„Пред два дена со инспекторите на Град Скопје спречивме уште еден екоцид што се случуваше на територијата на општина Ѓорче Петров. Имено се работи за детектирана еколошка катастрофа, која во општина Ѓорче Петров се случувала на парцела од 4000 м2 приватен имот и 5000 м2 имот на Република Македонија во непосредна близина на реката Лепенец, на локација којашто е одалечена само стотина метри од новата пречистителна станица која ја гради општина Ѓорче Петров а ја финанцира Европската унија“, кажа Арсовска.

-Ова е еколошка катастрофа од прв степен, во заштитна зона, што се депонира покрај реката Лепенец. Лице кое на социјалните мрежи често може да се забележи во друштво на градоначалникот Александар Стојковски. Нема да дозволиме никој да ги труе скопјани. По неколкудневно следење, завчера ги фативме на лице место и спречени се во вршење на нелегалните активности, истакна Арсовска на прес-конференција.

Случајот е во МВР. Две години траело тоа што се вршело на наведената парцела, посочи Арсовска.

-Приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица, кои се осомничени и за сторен финансиски криминал. Најчест клиент кој депонирал опасен отпад е нотирана токму општината, информира градоначалничката.

Таа наведе дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила на ден, истурале токсичен и канцероген отпад.

Арсовска истакна дека е поднесена кривична пријава против лицата кои предизвикале опасност, но и посебна кривична пријава против градоначалникот на Ѓорче Петров.

АКТУЕЛНО