Аврамовска-Мадиќ очекува дека нема да бидат потребни 40 дена за Палевски да биде донесен во Македонија

Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше Викторија Аврамовска-Мадиќ, заменик-министерката за правда која денеска присуствуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција на Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“.

-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би била најбзро екстрадицијата. Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што е може во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.

Запрашана дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се пролонгирала екстрадицијата Аврамовска Мадиќ одговори дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се Палевски да биде донесен што е можно најбрзо во Македонија. Министерството за внатрешни работи и Обвинителството располагаат со доволен број на докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок.  За тоа дали турските власти бараат дополнителна документација од македонското Министерството за правда, Аврамовска Мадиќ истакна дека двете министерства се во постојана комуникација секојдневно. Според заменик-министерката соработката со министерството за правда на Република Турција е одлична.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави