Search
Search

Автобусите на ЈСП во четврток ќе возат по саботен возен ред

ЈСП Скопје информира дека поради одржувањето на Министерскиот самит на ОБСЕ ќе има промени во возниот ред.

Од претпријатието информираат дека јавниот превоз во среда ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред. Во четврток автобусите ќе возат по саботен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација во четврток нема да работат, а во среда ќе работат до 13 часот.

Жичарницата ќе работи според вообичаеното работно време, од 10 до 17 часот.

АКТУЕЛНО