Неколку луѓе се повредени кога возач со автомобил влета меѓу пешаци во паркинг гаража на аеродромот Келн-Бон во западна Германија, јави Асошиејтед прес. Неколкумина се повредени во инцидентот во кој се оштетени и неколку возила.
Полицијата информира оти постојат индиции дека возачот имал проблеми со менталното здравје. Други детали за немилиот настан засега не се познати.